Изградба на нова зграда во Кисела Вода со енергетска ефикасност од А Класа

Изградба на нова зграда во населба Кисела Вода, на улица Димо Хаџи Димов со енергетска ефикасност од А класа. Објектот се предвидува да биде армирано бетонски рамков систем и истиот ќе биде проектиран во согласност со техничките нормативи за изградба на објекти во високоградба.Станбената зграда е предвидена да има два влеза од надвор за станбениот дел, лифт и скалишно јадро.
Станови кои се превидени во објектот:
Приземје: еден еднособен, еден двособен и еден трособен стан.
Прв кат : еден еднособен, два двособни и еден трособен стан.
Втор кат: четири двособни стана.
Tрет кат: еден еднособен, два двособни и еден трособен стан.
Четврти кат: четири двособни стана.
Поткровје: еден еднособен, два двособни и еден трособен стан.
За тоа како изгледаат становите можете да кликнете 
Инфраструктура
За нормално и непрекинато користење на објектот истиот е поврзан со инсталации на сите инфраструктурни мрежи
Водоснабдување. фекална канализација, снабдување со електрична енергија и ПТТ инсталација се приклучени на постоечките мрежи кои се инсталирани до градежната парцела.

 

Ѕидовите се планираат да се изведат од ќерамички блок 25/20/25, со термоизолациона фасада од надвор составена од 8цм стиропор, стаклена мрежа, глет маса, малтер абрип, подлога за акрилна боја и акрилна боја
Покривањето се предвидува со пластифициран ребраст лим на дрвена кровна конструкција. Се предвидува тервол 6цм во подконструкцијата за гипс картон плочите.
Во рамките на слободниот простор околу објектите се предвидува озеленување со ниско и високо зеленило и изградба на пристапни патеки како и околу објектот површините да се поплочат со елементи на урбана опрема кои се неоходни за простор како овој.
 
Надворешната врата и прозорите се предвидени да бидат од алуминиум. Балконските врати и произори се предвидени да бидат од ПВЦ профили бела боја, застаклени со термопан стакло 6+12+6мм, петкоморни, заедно со оков, со окапница од ПВЦ лим од надворешна страна и керамички плочки од внатрешна страна..
Паркинг
Вкупно 19 паркинг места, од кои 14 паркинг места се предвидени во подрумот од објектот кој ќе има роло гаражна врата и уште 5 во дворното место. Од овие паркинг места две се за лица со посебни потреби.
 За подетални информации можете да се јавите на 076 308 308