Формирана во 2006 година, Дан-Мак е градежна компанија која се занимава со проектирање, изградба и продажба на станови, со 100% дански капитал од страна на искусни сопственици во Скандинавија и Европа, кои долгогодишното искуство во струката, решаваат да го префрлат во нашата земја. Така, пренесувајќи го искуството, Дан-Мак станува она што е денес – докажана компанија за изградба и продажба на станбено-деловни објекти на домашниот пазар, но и на странскиот пазар, со над 24 изградени објекти. Освен во Македонија, во градовите Скопје и Кавадарци, присутни сме и во Грција, како и во скандинавските земји. Квалитетот на станбено-деловните објекти и огромниот број на задоволни клиенти се показател за успешноста на Дан-Мак. Нашиот тим од 28 вработени е мотивиран за континуирано подобрување на квалитетот.
Показател за нашиот квалитет и успех е и партнерската фирма за кабли во Неготино со преку 1000 вработени, како и Дан-плас лоцирана во Кавадарци, која е меѓу најголемите фабрики со долгорочно професионално искуство од 13 години и тим од над 14 вработени.
Дан Мак во својот сектор се издвојува по тоа што располага со сопствени фабрики за пвц,блинкер алуминиум, внатрешни врати; брзата, квалитетна и навремена изведба на проектите; користење на првокласна опрема и материјали за градба, како и исклучително поволните цени на становите. Во секој изграден објект располагаме со 25-30 станови. Главен акцент ставаме на сигурноста, квалитетното домување и енергетската ефикасност на објектите - заштедување на енергијата и смалување на штетните ефекти врз животната средина. Ние не создаваме само уникатен и модерен простор за живеење, туку и простор за договор каде купувачот е секогаш на прво место.